A  A  A +
Официјално списание на Грчката федерација на пекари

Списанието Занаетчиско пекарство и слаткарство (Виотехники Артопииа ке Захаропластики), се објавува на секои два месеци и го снабдува секој пекарски занаетчија со важно средство за комуникација. Со темелното познавање од пекарскиот сектор и широк спектар на репортажи, ова списание ги презентира сите активности и иницијативи преземени од Грчката федерација на пекари, и локалните здруженија на пекарите, како и последните трендови од полето на пекарството и слаткарството на грчко и меѓународно ниво. Покрај ова, списанието вклучува рецепти од врвни пекари и статии за технологија за храна, маркетинг и бизнис менаџмент, со цел да им понуди на современите пекари неопходен алат за работа. FORUM SA го презеде објавувањето на Занаетчиско пекарство и слаткарство во октомври 2007 година, со што започна нова страница во историјата на списанието, модернизирајќи го и збогатувајќи ја неговата содржина.